ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Победи за Скопје и Гостивар, охриѓани и натаму одлични на стартот од сезоната

Скопје дојде до победа од 1-0 против Кадино со погодокот на Владимир Жоглев во 71. минута од натпреварот во 3. коло од Втората лига – Запад. Трите бода ги освои и Гостивар против Кораби.

Велешта убедливо со 3-0 славеше против Тетекс со погодоците на Алтин Лога во првиот дел, и автоголот на Здравковски во второто полувреме.

Адили во првото полувреме и Рамадани во вториот дел беа стрелци за Велазерими кој победи со 2-0 против Вардар Форино.

Охриѓани, пак, продолжуваат со одличните изданија во новата сезона од Втората лига па повторно ремизираа без голови и на тешкото гостување против Дрита во Боговиње.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (3. коло)
Велешта – Тетекс 3-0
Велазерими – Вардар Форино 2-0
Скопје – Кадино 1-0
Дрита – Охрид 0-0
Гостивар – Кораби 1-0

Се вчитува...