ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Скопје ита кон елитата, Гостивар поразен од Велешта

Лидерот на табелата во ВМФЛ – Запад, Скопје ита кон елитата. Скопскиот тим стигна до нова победа овој пат на домашен терен против Охрид со 2-1. Скопје дојде до брзо водство од 2-0 со головите на Изет Ајрулаху во 8. и Владимир Жоглев во 21. минута, а до крајот гостите успеаја само го ублажат поразот преку Дарко Цветановски во 57. минута. Гостивар доживеа пораз од Велешта со 2-1. Клечкароски и Анруши му донесоа победа на тимот од струшкиот регион, додека почесниот гол за гостите го даде Христијан Кировски.

Во останатите натпревари од 13. рунда Велазерими го совлада Кадино со 1-0, Кораб беше подобар со истиот резултат на гостувањето кај Вардар Форино, додека Дрита и Лабуништа одиграа без голови 0-0.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (13. коло)

Скопје – Охрид 2-1

Вардар Форино – Кораб 0-1

Велазерими 77 – Кадино 1-0

Дрита – Лабуништа 0-0

Велешта – КФГ Гостивар 2-1

Се вчитува...