ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Скопје во драматичен меч подобар од Тетекс, Охрид славеше со Велазерими (ФОТО)

Скопје во еден крајно тензичен натпревар славеше над Тетекс на гости со 1-2 во 14. коло од Втората лига – Запад.

Гостите поведоа со голот на Изет Ајрулаху во 8. минута, додека до крајот на првиот дел домаќините израмнија преку Лазар Пеев од пенал во 40. минута. Во второто полувреме Скопје прво промаши пенал, но сепак успеа да стигне до трите бода.

Гостивар во финишот стигна до победа над Дрита од 2-1. Гостите иако поведоа во првото полувреме, домаќините во вториот дел стигнаа до целосен пресврт и конечен триумф од 2-1.

Охрид триумфираше со минимални 1-0 против Велазерими. Херој за охриѓани беше Александар Целески со голот во 56. минута.

Шпенд Асани со гол во 94. минута донесе бод за Вардар Форино на гостувањето против Кадино.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (14. коло)

Кораб – Велешта 0-1

КФГ Гостивар – Дрита 2-1

Тетекс – Скопје 1-2

Охрид – Велазерими 1-0

Кадино – Вардар Форино 1-1

Се вчитува...