ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Скопје загуби од Дрита, Охрид славеше против Велазерими

Охрид ја продолжува битката за втората позиција на табелата во Втората лига – Запад со Велешта, откако во 22. коло славеше со 2-1 против Велазерими.

Стрелци на головите за победа на охриѓани беа Бурхан Алији во последната минута од првото полувреме, а триумфот го донесе Роберт Митев со голот во 85. минута.

Скопје загуби со 3-2 на гостувањето против Дрита. Домашните имаа предност и од 3-0, но гостите со два гола во финишот дојдоа до минимален пораз.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (22. КОЛО)

Охрид – Велазерими 2-1

Кораби – Гостивар 2-0

Дрита – Скопје 3-2

Тетекс – Кадино 1-0

 

Се вчитува...