Вучиќ го повика Роналдињо во Србија, па веднаш доби одговор

Целиот свет веќе неколку години знае за финансиските проблеми на легендарниот Роналдињо. Оттогаш редовно го гледаме во реклами дури и за српски обложувалници, а како што стојат работите наскоро повторно ќе дојде во Белград. И тоа на покана на претседателот на Србија.

Роналдињо добил покана да биде гостин на изложбата „Експо 2027“ во која Србија инвестира огромна сума пари. Роналдињо на гостин го покани и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по што следуваше одговор од легендарниот Бразилец.

„Ве поздравувам претседателе Вучиќ. Ви благодарам за поканата на Експо 2027. Наскоро ќе бидеме заедно. Голема прегратка“, вели Роналдињо.

Се вчитува...