Џејмс Вудард веднаш стави до знаење дека ќе биде големо засилување за МЗТ Скопје откако Американецот го доби признанието за најкорисен кошаркар во првото коло од АБА2 лигата.
Тој играше одлично против словенечкиот претставник Хелиос, бележејќи 19 поени, пет скока, четири асистенции и две украадени топки, за вкупно 25 индексни поени за 34 минути на теренот.
Американецот дефинитивно ќе биде еден од главните адути на тренерот Кочов, па се очекува во ист стил да продоли и на наредните натпревари во текот на оваа сезона, како во АБА2 лигата, така и во македонското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА