Вујовиќ „распали“ по Раул: Како едвај да чека да заврши СП, како Македонија да му е онака попатно…

Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ го анализираше балканското дерби меѓу Хрватска и Македонија на Светското првенство 2019 во Германија и во Данска.

Она што впечатливо се издвојува во анализата на Вујовиќ е неговото отворено искажано незадоволство од начинот на кој Раул Гонзалес ја води македонската репрезентација….

„Од тоа балканско дерби ништо не видовме. Секако, хрватска се покажа максимално сериозна репрезентација и со самиот факт дека шестпати едноподруго ја победува Македонија“ – вели Вујовиќ во анализата на мечот, и дополнува:

„На Македонија, пак, и недостасуваше буквално се. Највпечатливо е тоа што селекторот Раул Гонзалес како да не е присутен на СП. Тој во суштина секогаш делува опуштено на клупата на ПСЖ или репрезентацијата, но мене еден таков однос кога се води национален тим не ми се допаѓа без разлика за каков стручњак се работи. Ми се чини како едвај да чека да заврши светското првенство и да си се врати во Париз да си се посвети на работата. Македонија како да му е онака попатно. Неразбирлива беше тактиката на Македонија со двајца пикери со која ја враќаа назад бавната одбрана на Хрватска. Па тоа само им помогна на Хрватите“ – анализира Вујовиќ.

Се вчитува...