Вукојевиќ приведен: Се заканувал дека ќе ги убие сопругата, нејзините сестра и мајка

Поранешниот член на стручниот штаб на хрватската репрезентација, Огњен Вукојевиќ е приведен синоќа од хрватската полиција, откако бил пријавен за семејно насилство.

Вукојевиќ бил пријавен за насилно однесување и сериозни закани кон блиски членови на семејството. Според содржината од полициската пријава, Вукојевиќ во пијана состојба дошол дома и почнал да и се заканува на сопругата дека ќе ја убие, но дека ќе ги убие и нејзината сестра и мајка.

Веднаш по пријавата полицијата го привела Вукојевиќ, а извршен е и претрес во неговиот дом во потрага по огнено оружје. Вукојевиќ, по крајот на богатата играчка кариера, сега е селектор на репрезентација до 20 години на Хрватска.

Се вчитува...