Вулкан во Белград: Црвена звезда со кошаркарска лекција и за Олимпијакос

Кошаркарите на Црвена звезда продолжуваат со одличните партии сезонава во Евролигата, откако вечерва во пеколот во Белград на домашен терен славеа против грчки Олимпијакос со 91-80 во натпревар од 13. коло од новата сезона во елитното натпреварување.

Клучна во победата за белграѓани беше последната четвртина во која одиграа како на стероиди и постигнаа дури 32 поени, а Бугаринот, Саша Везенков и неговите соиграчи уште еднаш покажаа дека немаат менталитет на победници.

Џордан Нвора со 23 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените не беа доволни 29 поени на Бугаринот Саша Везенков.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...