Вулверхемптон го шокираше „Олд Трафорд“, Јунајтед со пораз ја започна 2022 година (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед денеска со пораз од 0-1 ја започнa 2022 година во натпревар од 21. коло од англиската Премиер лига против Вулверхемптон. Гостите сосема заслужено дојдоа овие три бода, имајќи предвид дека доминираа речиси во целиот натпревар.

Загрижувачки беше фактот дека недостасуваат неколку важни играчи на „црвените ѓаволи“, а најголемите проблеми менаџерот Ралф Рангник ги имаше во бековската линија. Хари Мегваер отпадна, Виктор Линделоф има коронавирус, па Фил Џонс, играчот кој последен пат играше за Јунајтед во Премиер лигата пред повеќе од две години, доби зелено светло за настап. Покрај него стоперска позиција ја составуваше и Рафаел Варан, а на бековите беа Лук Шо и Арон Ван-Бисака. Ваквата постава на Јунајтед донесе бледа игра која резултираше со прв пораз на домашен терен за Рангник.

Одличната игра на Вулверхемптон беше наградена во 82. минута, откако Жоао Мутињо успеа да ја затресе мрежата на извонредниот Давид де Хеа.

 

Се вчитува...