ЗА 120 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Русија ќе ги претвори стадионите од СП 2018 во мултифункционални комплекси

Русија се реши да ги модернизира дел од фудбалските стадиони на кои се играа натпреварите на Мундијалот 2018 година. Дел од стадионите ќе бидат претворени мултифункционални комплекси во следните три години.

На стадионите ќе се постави заштитна тревна површина и покривка од мраз, па на нив ќе се игра хокеј, или уметничко лизгање. Ќе се одржуваат концерти, изложби, семинари.

За тој проект Русија ќе издвои 120 милиони долари.

Се вчитува...