За 35.000 долари да се намести меч – не е лошо!?

Поранешниот кошаркар Рон Артест, сега познат како Мета Ворлд Пис по промената на името, откри дека имал понуди за време на својата кариера да „продаде“ меч за 35.000 долари.

Ворлд Пис, кој имаше и тоа како богата кариера прославувајќи се во ЛА Лејкерс, сведочеше дека обидите за ‘продавање’ мечеви ги има многу во американската кошарка.

„Неколку пати на Колеџ ме прашаа да наместам натпревар. Еднаш дојдоа и дома со понуда дека ќе ми дадат 35.000 долари. Веднаш помислив: Супер, одма ги земам“ – се потсетува Ворлд Пис, но веднаш потоа коментирајќи дека со тие пари си доаѓаат и огромни барања.

„И тогаш ми кажаа дека ќе мора да го ‘продадам’ мечот… А, јас бев во фазон: ‘Кои сте вие г…ри. Но, веднаш низ глава ми мина помислата дека 35.000 долари намерно да загубам натпревар и воопшто не е лошо. Тоа е всушност проблемот со местените натпревари, не само во кошарката. Тие веднаш ќе најдат некои клинци кои немаат пари и ги притискаат. И, им успева“.

Поранешниот член на Лејкерси не сака многу да зборува за обложувањето, и не го поддржува, и покрај тоа што неодамна американскиот суд донесе одлука со кој го прогласи Законот за забрана за обложување како неуставен. Па, наскоро спортската прогноза во САД ќе биде комплетно легална, во сите држави.

Се вчитува...