За добредојде во Гибралтар, веднаш тренинг (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Македонската фудбалска репрезентација допатува во Гибралтар и само еден час подоцна се упати на првиот тренинг на стадионот „Викторија“, со капацитет од 2.000 седишта, каде и ќе се игра натпреварот со домашната сеелекција на 6.септември. Тоа ќе биде и старт на натпреварите во Лигата на Нации, новото натпреварување на УЕФА кое нуди можност и за послаборангираните репрезентации да обезбедат пласман на Европско првенство.

Нашиот национален тим се комплетираше во Малага, а потоа и пристигна во Гибралтар. Селекторот Игор Ангеловски веднаш им ’сервираше’ лесен тренинг на фудбалерите, како еден вид рекуперација по патувањето. Малку „џогинг“, вежби за истегнување, игри од забавен карактер на стадионот кој е со терен од вештачка трева. Секако, ќе има време и за сериозни тренинзи и подготовка, со оглед дека ова е меч што секако Македонија мора да го добие.

 

Се вчитува...