За Иранците се уште има надеж за нокаут-фаза: Ќе мора да навиваат против Хрватска

Иран пропушти одлична можност директно да се квалификува во нокаут фазата на Светското првенство.

Ремито против Египет (1-1) во Сиетл остави горчлив вкус, особено поради поништениот гол на Мехди Тареми во судиското продолжение. Доколку голот останеше на сила, Иранците веќе ќе славеа пласман во нокаут-фазата.

На овој начин, репрезентацијата на Иран ја заврши групната фаза со три бода и сега мора да ги чека резултатите во другите групи за да открие дали ќе биде меѓу најдобрите третопласирани екипи кои го продолжуваат натпреварувањето.

Ситуацијата не е безнадежна, но ништо повеќе не е во рацете на иранската репрезентација.

Што му треба на Иран за да помине?

Иран ќе се квалификува во нокаут фазата ако се случи барем едно од следниве сценарија:

Хрватска да загуби од Гана.

Конго да не го победи Узбекистан.

Натпреварот Австрија – Алжир да не заврши нерешено.

Во моментов, Иран има поповолна гол-разлика од одредени конкуренти меѓу третопласираните екипи, поради што им е потребен еден соодветен резултат за да останат меѓу осумте најдобри третопласирани селекции.

Затоа, во Техеран и низ целата земја, вниманието сега ќе биде насочено кон натпреварите во другите групи, каде што секој гол и секој бод ќе има огромно значење за судбината на националниот тим.

Без оглед на конечниот епилог, дуелот со Египет ќе биде тема на разговор долго време. Поништениот гол на Мехди Тареми во 93. минута го промени целиот тек на приказната на Иран на Светското првенство – место сигурно место во нокаут фазата, сега има неизвесност и чекање на исход кој повеќе не зависи од нив.

Се вчитува...