За кого ќе навива Тиери Анри во полуфиналето?

Тиери Анри во 2016 година ја прифати понудата да му биде помошник на Роберто Мартинез во стручниот штаб на Белгија, па француската фудбалска легенда има огромен придонес во големиот успех и пласманот во полуфиналето на „црвените ѓаволи“ на овој мундијал.

А полуфиналниот дуел ќе биде најтежок за Анри, ако се знае дека „неговата“ Белгија за противник ќе ја има неговата татковина Франција.

Тиери Анри останува запишан како еден од најдобрите француски фудбалери на сите времиња, тој го носеше дресот на „триколорите“ од 1997 до 2010 година, за оваа селекција одигра 123 натпревари и освои по еден трофеј светски и еден европски шампион.

За кого да навива Анри во вторник, дилемата е сериозна.

Се вчитува...