„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Англиски понеделник за паметење

Неверојатни три натпревари ни донесе вчерашниот ден во Премиер-лигата откако на трите одиграни меча видовме вкупно 21 гол, или просечно по седум.

Денот почна со победата на Фулам над Лестер од 5-3. Продолжи со изненадувачкиот триумф од 1-5 на Евертон на гостувањето кај Брајтон и Хов Албион, додека заврши со неверојатниот меч меѓу Нотингем Форест и Саутемптон кој заврши со победа на домаќините од 4-3.

Овие 21 гол е убедливо највеќе во еден ден во Премиер-лигата кога на програмата имало три или помалку натпревари со што беше урнат рекорд во најсилната фудбалска лига во светот.

Се вчитува...