„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Барди го има најлошиот тренер откако е во Леванте

Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Варди се мачи на почетокот на сезоната. Тимот по 12 одиграни кола има само шест освоени бода со шест нерешени натпревари и сеуште чека на првата победа во сезоната. Лошата форма го примори шпанскиот тим да направи и промена на тренерската позиција каде замина Пако Лопез, а пристигна Хавиер Переира.

Но, ниту „шок терапијата“ не му помогна на Леванте. Напротив тренерот Прерира го има најлошиот старт во лигата во ерата на Енис Барди со само два освоени бода по четири средби. Полош почеток на клупата има само Хозе Луис Мендилибар кој во 2014 година имаше скор од едно реми и три порази.

Се вчитува...