„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Билбао е најдобар тим во Шпанија во 2022

Атлетик Билбао синоќа славеше над Еспањол со 2-1 во последниот натпревар од 23. рунда во шпанската Ла лига. Санчет и Мартинез донесоа нов триумф за тимот од Баскија со кој полека, но сигурно тие фаќаат приклучок кон врвот на табелата.

Билбао во 2022 е тим кој е во најдобра форма во Шпанија. Во одиграните девет меча во сите натпреварувања тие имаат седум победи, едно реми и еден пораз. Триумфираа и над Барселона и над Реал Мадрид во Копа дел Реј, а единствен пораз им е од „кралевите“ во шпанскиот Суперкуп.

 

Се вчитува...