„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Чави доби „молња“ во Барселона

Адама Траоре го официјализираше трансферот од Вулверхемптон во Барселона со што се врати во клубот од детството. Крилниот напаѓач замина од каталонскиот тим во 2015 година, а во неколку сезони поминати во Премиерлигата се наметна како еден од најдобрите „дриблери“.

Експолозивниот фудбалер има повеќе остварени дриблинзи од било кој друг играч во „елитата“ на англискиот фудбал од сезоната 2018/19 со 69 отстотна успешност (484/697) од кои креираше 40 шанси за гол, кои се 15 повеќе од било кој друг фудбалер,па јасно е дека Чави добива „молња“ во Барселона.

Се вчитува...