„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Данска е засега најдобра во квалификациите – седум од седум со гол разлика 26:0!

Репрезентацијата на Данска синоќа ја победи Молдавија со 4:0, и со тоа дојде до седмата победа во квалификациите, што ја прави најдобра европска селекција во моментов.

Данците дојдоа до сите победи со неверојатна гол разлика од 26:0 и ја предводат квалификациската група со 21 бод. Ако ја победат Австрија на 12. октомври, тогаш и официјално ќе го обезбедат учеството на Мундијалот.

Шкотска е зад Данска со седум бода помалку, а Израел е трет со 10 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...