„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Имобиле влезе во „одбрано друштво“

Фудбалерите на Лацио продолжуваат со одличните партии во италијанската Серија А сезонава откако синоќа во премиерниот натпревар од 30. коло славеа на гостински терен против Специја со 0-3.

Еден од стрелците за „лацијалите“ беше Чиро Имобиле, кој со овој погодок влезе во одбрано друштво на италијанскиот фудбал. Имобиле е само третиот фудбалер во калчолигата, откако за победа се даваат три бода, што во седум сезони во низа постигнал 10 или повеќе гола.

Претходно тоа им успеа само на Франческо Тоти и Антонио ди Натале.

 

 

Се вчитува...