„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Леао е најдобар фудбалер во Серија А во 2022 година

Милан на помалку неверојатен начин синоќа загуби од Специја на домашен терен со 1-2 во натпревар од 22. коло во италијанската Серија А. Во последните моменти од мечот им беше поништен чист погодок, а потоа тоа беше казнето со голот на Ѓаси во 96. минута.

„Росонерите“ стигнаа до водство на мечот со голот на Рафаел Леао во судиското надополнување од првото полувреме. За португалскиот интернационалец ова беше вкупно петти пат да учествува во погодок на Милан од стартот на 2022 година (три гола/две асистенции) што е убедливо најмногу во калчолигата од стартот на новата година.

 

Се вчитува...