ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Лондон е „црвено-бел“

Екипата на Арсенал целосно го надигра и го порази Челси со 3-1 во средбата од 34. коло во Премиерлигата. Воедно, ова беше последен натпревар на „топчиите“ против тим од Лондон, а тимот предводен од Артета не загуби од ниту еден лондонски ривал во регуларниот дел на англиското првенство.

Тоа се нема случено од сезоната 2004/2005. Арсенал против тимовите од Лондон победи 10 пати, додека два пати играше нерешено. Воедно, Арсенал стана и првиот тим кој дојде до 150 победи во лондонските дербија во историјата на Премиерлигата.

Арсенал два пати го победи Челси, два пати ги доби и дуелите со Кристал Палас и Фулам. Против Вест Хем, Арсенал се „сопна“ и одигра нерешено 2:2, а првиот дуел го доби со 3:1. Истиот скор од нерешено и победа го имаа и против Брентфорд. Два пати го совладаа и тимот на Тотенхем.

Се вчитува...