„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – „Октоподот“ Димитриевски стави крај на низа која трае речиси три години

Барселона го претрпе и третиот пораз во шпанското првенство откако на гостувањето кај Рајо Валекано загуби со 1-0. Големо влијание на натпреварот имаше и македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски кој во 72. минута од мечот го одбрани ударот од белата точка на Мемфис Депај.

Интересно, за Холанѓанецот ова е првиот промашен пенал по 11 погодени во низа, односно прв промашен пенал по февруари 2019 година кога Депај потфрли против Монако. Оттогаш напаѓачот девет пати беше сигурен за Лион и два пати за Барселона.

Се вчитува...