ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Ова е најслабиот Манчестер Јунјатед во последните 35 години

Вчерашниот пораз од Челси беше дури 17-ти за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања. Вчера „Црвените ѓаволи“ загубија во последните мигови, откако до 990. минута имаа предност од 3-2. На крајот беа поразени со 4-3.

Тоа беше 17-ти пораз за Јунајтед, во 42 натпревари сезонава. Таква бројка клубот немал уште од сезоната 1989/90. Тогаш Јунајтед загуби на 17 меча во текот на целата сезона, и ја заврши на 13. место на табелата. Тоа беше и најлошиот резултат на екипата од испаѓањето во сезоната 1974/75.

Јунајтед со 48 бодови е на 6 место на табелата по 30 меча во Премиерлигата, со девет бода помалку од Тотенхем на петтото место.

Се вчитува...