„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Столе и Рајо испишуваат историја

Столе Димитриевски и Рајо Валјекано се пласираа во полуфиналето на шпанскиот „Копа дел реј“ откако синоќа во четвртфиналниот дуел беа подобри од Мајорка со минимални 1-0. Нашиот репрезентативен голман се врати меѓу стативите на клубот од главниот град на Шпанија по целата „сага“ околу неговото заминување.

Ова за тимот од Мадрид е само второ учество во полуфиналето на националниот куп, а прво по точно 40 години. Последен пат Рајо во полуфинале на Копа дел реј играше во сезоната 1981/1982 кога беше елиминиран од Спортинг Хихон.

 

 

Се вчитува...