За Мбапе, Барселона не е тимот кој Реал мора да го победи сезонава

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе смета дека ПСЖ во моментов е главниот тим кој „кралевите“ и останатите европски гиганти мора да го победат доколку сакаат да ја освојат Лигата на шампионите.

Мбапе во интервју за „Лекип“ зборуваше за доминацијата на неговиот поранешен клуб во Европа, откако ПСЖ успеа двапати по ред да триумфира во Лигата на шампионите. Напаѓачот во меѓувреме се пресели во Реал Мадрид.

„ПСЖ е тимот кој мора да се победи. Ние Реал Мадрид и останатите екипи во ЛШ имаме иста цел, да го победиме тимот кој двапати по ред триумфира“,изјави Мбапе кој со Реал го очекува тешка битка за титулата во Ла Лига против Барселона.

Се вчитува...