За Пандев ниту минута: Наполи со два гола до нови три бода

Наполи прокнижи планирани три бода на своето салдо откако вечерва рутински славеше на дуелот против Џенова со 2-0. Гостите во првото полувреме успеваа да одолеат на налетите на „наполитанците“, но Зјелински го отвори резултатот на стартот од вториот дел. По овој гол Наполи доби на самодоверба, создаде уште неколку одлични шанси, пред Џакерини (доби шанса на местото на суспендираниот Калјехон) да ги постави конечните 2-0 на асистенција на несебичниот Мертенс.

Горан Пандев не доби шанса да настапи на гостувањето против својот поранешен клуб, пред се поради фактот дека Џенова уште во првото полувреме остана без двајца фудбалери, па Јуриќ беше принуден да потроши две замени по повредите на Џентилети и на Велосо.

All Goals HD – Napoli 2-0 Genoa 10.02.2017 by Goals_online

Се вчитува...