За Родри, неговата Барселона не е главен фаворит за титулата во ЛШ

Барселона на фантастичен начин ја започна новата сезона, има максимален учинок во Ла Лига, а со убедлив триумф од 5:1 над Феенорд ги започна настапите во Лигата на шампионите.

Но, и покрај одличниот старт, Родри не ја гледа Барселона меѓу главните фаворити за титулата во елитното натпреварување бидејќи смета дека на неговиот тим му недостасува важен чекор за да докаже дека е подготвен да оди до крајот.

„Сигурно верувам дека целта е остварлива. Може да се каже дека тоа е последниот чекор кој мораме да го направиме и да и покажеме на фудбалска Европа каков тим е Барселона. Во исто време, мислам дека не сме фаворити, мораме да биде свесни од каде започнавме и што е потребно за да се стане шампион. Но, за мене тоа не е натпреварување кое го освојува најдобриот тим. Лигата на шампионите е натпреварување на моменти, многу е важно да се почувствува кога треба да се дејствува. И можеби тоа и недостасува на оваа Барселона“, вели Родри.

Шпанецот кој беше избран за МВП на последното СП, вели дека ја избра Барселона поради освојувањето на трофеи.

Се вчитува...