За секој тестиран фудбалер, Серија А ќе донира по пет теста за Covid-19

За секој направен тест на фудбалер што ќе биде обврска во подготвителниот период Серија А ќе донира по пет теста на здравствениот систем. Ова е решение со кое италијанскиот фудбал се обидува да одговори на обвинувањата дека играчите ќе им го земаат редот за тестирање на луѓето кои имаат потреба поради коронавирусот.

Предлогот потекнува од Фудбалската федерација на Италија и е испратен до владата која ќе треба да ја донесе конечната одлука за тоа дали и кога фудбалот ќе продолжи. Во федерацијата се надеваат дека клубовите ќе можат да се почнат со тренинзи во средината на мај иако министерот за спорт, Винченцо Спадафора пред неколку дена изјави дека се е уште не е подготвен да донесе ваква одлука.

Фудбалската федерација на Италија објави дел од плановите кои ги испратила до владата, а во кои се наведува дека фудбалерите и останатите од клубовите кои ќе бидат потребни за почеток на тренежниот процес би биле тестирани, а потоа изолирани во тренинг кампови каде што би ги почнале подготовките. Во текот на првата недела играчите ќе мора да тренираат индивидуално со почитување на дистанцата, а потоа ако нема позитивни случаи би почнале и со групни тренинзи.

 

 

 

 

 

Се вчитува...