Светската фудбалска јавност остана во шок по денешната одлука на Дисциплинската комисија да не го суспендира американскиот голгетер Балогун, кој ќе може да настапи на осминафиналето со Белгија иако беше исклучен на последниот дуел со Босна и Херцеговина.
Балогун мина само со условна казна, што е апсолутен преседан по покажан црвен картон на светските првенства, но се доби смисла по информациите дека во изминатите денови имало интервенција од Белата куќа и највисоките американски власти до челниците на ФИФА.
За циркусот да биде комплетен се погрижи американскиот претседател Доналд Трамп, кој јавно се заблагодари до ФИФА за направената услуга на американскиот национален тим.
„Благодарност до ФИФА за она што беше направено. Спречена е голема неправда“, порача Трамп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
