Заборавениот Игало заминува од „Олд Трафорд“

Нигерискиот фудбалер Одион Игало се наоѓа на излезна врата од Манчестер Јунајтед, а искусниот голгетер има три опции за продолжување на кариерата, од кои најатрактивната е останување во Премиер-лигата. Тој стигна на „Олд Трафорд“ во последниот ден од јануари минатата година на позајмица од кинескиот Шангај Шенхуа.

На почетокот остави добар впечаток, па затоа позајмицата му беше продолжена на уште шест месеци. Меѓутоа сезонава не добива никаква минутажа, а во Премиер-лигата одигра само девет минути и тоа во првото коло во поразот од Кристал Палас.

Една од опциите за неговата иднина е враќање во Шангај. Втората е тоа дека наводно за него се заинтересирани клубови од Катар и Саудиска Арабија, а третата по се е најатрактивна. Фулам сака да го задржи Игало во Премиер-лигата, веќе е подготвен интересен финансиски пакет, а се очекува во трката по Нигериецот да се вклучат и Шефилд Јунајтед и ВБА.

Се вчитува...