Загреб се исплаши за титулата, па бара прекин на првенството во Хрватска

Загреб со години наназад доминира на хрватската ракометна сцена, но сезонава како никогаш досега Нексе создаде конкурентен тим со кој може да му ги замрси сметките на повеќекратниот првак. За тоа да не се случи, Загреб покрена крајно неспортска иницијатива – за прекин на сезоната без прогласување на шампион.

Причина – коронавирусот, но како што веќе пренесуваат бројни хрватски медиуми – тоа е само лошо алиби на тимот од главниот град зад кое се крие стравот од губењето на титулата. Бројките во Хрватска на заразени од коронавирус се високи, па клубовите начелно се за прекин на сезоната, но само во времетраење од 15 дена, по што истата би продолжила.

„Како може сите спортови да течат, само да не може да се игра ракомет во Хрватска“, гласно прашуваат од Нексе.

Добро позната е поврзаноста на раководството на Загреб со челниците на Хрватската Ракометна Федерација, па ќе биде интересно да се види дали оваа идеја ќе биде истуркана.

Се вчитува...