Загревање за куп финалето – Масовна тепачка меѓу фудбалерите на Војводина и Партизан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Војводина го совладаа Партизан со 1-0 во последното коло од Првата српска лига. По мечот на „Караѓорѓе“ изби масовна тепачка меѓу фудбалерите на новосадскиот и српскиот клуб. Само што главниот судија на мечот Милош Ѓоргиќ даде знак за крај на мечот почна хаосот. Провокации од двете страни имаше уште во текот на мечот, а по натпреварот тоа прерасна во масовна тепачка.

На една од снимките се гледа дека фудбалетот на Партизан Игор Вујачиќ доби удар во главата, а во се учествуваше и тренерот на Војводина Ненад Лалатовиќ.

Овие два тима ќе се сретнат и во финалето на националниот куп, натпревар кој за разлика од овој ќе има и резултатско значење.

Се вчитува...