Залудни 41 поени на Харден, Голден стејт со брејк на стартот од финалето на Западот!

Кошаркарите на Голден стејт славеа на гостински терен против Хјустон со 106-119 на тој начин поведувајќи со 1-0 во серијата од НБА финалето во Западната конференција.

Најзаслужни за триумфот на Вориорс беа Кевин Дурант со 37 поени, а значајна улога одигра и Клеј Томпсон кој во клучните моменти на натпреварот погоди шутеви за три поени. Тој мечот го заврши со 28 поени, додека Стеф Кари имаше 18 поени и 8 асистенции.

Во редовите на Хјустон најдобар беше Џејмс Харден со 41 поен и 7 асистенции, додека Крис Пол заврши со 23 поени и 11 скока.

Хјустон подобро го почна мечот, но Дурант не дозволуваше одлепување. Првото водство Голден стејт го запиша во втората четвртина (33-35), подоцна дојдоа до предност и од +7 поени, но Хјустон возврати и на полувреме се замина израмнето (56-56).

Клучната четвртина за триумфот на гостите се чини беше третата во која Голден стејт стигна до предност од 72-85, што се покажа недостижно за Хјустон до крајот.

Следниот натпревар од финалето на Западот е во четврток наутро, од 03 часот по средноевропско време.

Се вчитува...