Кошаркарите на Денвер загубија на гостински терен во Сан Франциско по продолжение од Голден Стејт со резултат 137-131, во нивниот прв натпревар во новата сезона од НБА лигата. Најефикасен играч во тимот на Денвер беше Арон Гордон со 50 поени и осум скока, но сето тоа не вредеше, исто како и „трипл-дабл“ ефектот на Никола Јокиќ.
Српскиот центар Никола Јокиќ забележа „трипл-дабл“ од 21 поен, 13 скока и 10 асистенции, со 8/23 шутеви од поле (2/13 за три поени). Но, ниту тоа не помогна. Џамал Мареј додаде „дабл-дабл“ од 25 поени и 10 асистенции, но и тоа не беше доволно.
Она за што најмногу се жали Јокиќ е фактот што „не се појави“ во второто полувреме и не го поддржа незапирливиот Гордон.
Во драматична завршница, Голден Стејт успеа да оди во продолжение благодарение на две тројки од далечина на Стеф Кари, а потоа и на промашен „флаутер“ на Јокиќ за победа. Потоа, во дополнителни пет минути, српскиот центар го немаше никаде, а Вориорс славеа благодарение на феноменалниот ветеран.
Кари беше најефикасен во победничкиот тим со 42 поени, седум асистенции, шест скока и три украдени топки. Џими Батлер додаде 21 поен, шест асистенции, пет скока и три украдени топки. Џонатан Куминга постигна 14 поени, додека Ал Хорфорд постигна 13 поени, а Дрејмонд Грин запиша осум скока и осум асистенции.
Со оваа победа, Вориорс ја започнаа сезоната со резултат од 2-0, бидејќи ги победија Лос Анџелес Лејкерс во својот прв натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

