Замената на Антони во Ајакс доаѓа од Севилја

Ајакс заработи одлични 95 милиони евра од продажбата на Бразилецот Антони во Манчестер Јунајтед, а холандскиот првак сега ќе настојува до крајот на овој преоден рок да доведе соодветна замена за крилниот офанзивец.

Како прва опција десетина дена беше споменуван Зијеш од Челси, но преговорите со Мароканецот се одолговлекоа, поради што челниците на Ајакс се откажаа од намерата да го вратат овој играч на „Јохан Кројф арена“ и сега тргнаа во целосна офанзива по 28-годишниот фудбалер на Севилја, Лукас Окампос.

Тој е незадоволен што го загуби првотимскиот статус во Севилја и сака да си замине, а и шпанскиот клуб би дал зелено светло доколку добие интересна понуда. Се очекува Ајакс да испрати почетна понуда од 20 милиони евра, но и разговорите да се интензивираат во наредните часови, бидејќи нема уште многу време до истекот на преодниот рок.

Се вчитува...