Заминува Леброн, па Кливленд подготвува тотален ремонт на екипата за новата сезона

Веќе се понагласени се информациите за заминувањето на Леброн Џејмс ова лето од редовите на Кливленд.

ЕСПН тврди дека неговото заминување ќе повлече целосен ремонт во редовите на Кливленд за новата сезона. По Леброн, Кевин Лав е првиот на листата за кого се бара трејд, поради желбата да се осигура пик во првата рунда наредните години.

Исто така, се очекува дека и добар дел од остатокот на екипата ќе го напушти Кливленд кого следната сезона би можеле да го гледаме во едно сосема поразлично издание.

Леброн Џејмс, пак, истакна дека дефинитивната одлука ќе ја донесе наредниот период. Како фаворити за негов потпис веќе се издвојуваат ЛА Лејкерс и Хјустон рокитс.

Се вчитува...