Заминувањето на Аморим од Спортинг го повлекува и најдобриот стрелец

Спортинг Лисабон по завршување на сезоната ќе остане без тренерот Рубен Аморим, кој најверојатно ќе се пресели во Ливерпул. Португалецот наводно веќе прифатил да го замени Јирген Клоп на клупата на „црвените“.

Но, заминувањето на Аморим би можело да повлече и други заминувања од екипата. Пред се се мисли на најдобриот стрелец Виктор Ѓокереш, кој што исто така ќе замине доколку Аморим се реши да го напушти Спортинг.

Ѓокереш минатата година се реши да му се приклучи на Спортинг, токму поради Аморим. Оваа сезона Унгарецот блесна во дресот на португалскиот тим, што придонесе за интерес на некои од клубовите од големата европска „петорка“.

Се вчитува...