Занго го урна светскиот рекорд во трискок во сала

Атлетичарот од Буркина Фасо, Иго Фабрис Занго го урна рекордот во трискок во сала, откако денеска на митингот во франуцски Обиер успеа да скокне неверојатни 18.07 метри.

Со ова постигнување тој го урна досегашниот рекорд во сала на неговиот тренер Теди Тамго кој во 2011 успеа да скокне 17.92 метри.

Ова постигнување на Занго е шести најдобар скок во историјата, а светскиот рекорд се уште го држи легендарниот Џонатан Едвардс кој во 1995 година во Гетеборг успеа да скокне 18.29 метри.

Се вчитува...