Започнува нова ера кај „Триколорите“, Зидан со неколку изненадувања на списокот за Лигата на нации

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Франција, Зинедин Зидан, денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните натпревари во Лигата на нации.

Зидан кој дојде на местото на Дидие Дешан кој дури 12 години седеше на клупата на Триколорите, на фановите им приреди неколку изненадувања.

Најголемите изненадувања се повиците во националниот тим на играчот на Комо, Лукас да Куња и на напаѓачот на Рен, Естебан Лепол. Новиот селектор истакна дека сака да го види нивниот квалитет на репрезентативно ниво.

Дебитанти во тимот се уште и голманот Гијом Ресте како и дефанзивците Жереми Жаке и Анди Диуф.

Зидан одлучи да го изостави Н’Голо Канте од спортски причини, а Орелиен Чуамени не е повикан бидејќи е повреден. Капитен на Франција под водство на Зидан ќе биде Килијан Мбапе.

Франција во Лигата на нации ќе одигра четири натпревари, двапати ќе игра против Белгија и по еднаш против Турција и Италија.

 

 

 

 

Се вчитува...