Хрватска и Гана ќе се сретнат утревечер во дуел што ќе ги разјасни дилемите околу изгледот на оваа група, а последните информации поврзани со овој меч носат и нова „теорија на заговор“ – дека Гана намерно ќе го загуби дуелот со „коцкестите“, за во 1/16 финалето да може да смета на Томас Парти.
За проблемот веќе е пишувано, канадските власти не му дозволуваат на Парти да влезе во државата, што е огромен проблем ако се знае дека станува збор за клучен фудбалер во оваа африканска селекција. Ако Гана остане непоразена против Хрватска тоа речиси сигурно ќе значи и освојување на второто место, кое носи дуел со Португалија или Колумбија. Проблемот е што според веќе утврдениот „костур“ тој дуел би се играл во Монтреал, каде Парти дефинитивно не би можел да им помогне на соиграчите.
Од друга страна, доколку Гана загуби ќе биде третопласирана, но поради четирите освоени бода ќе се најде во нокаут фазата. Таму речиси сигурно би ја очекувал дуел со ко-домаќинот САД во Канзас сити, меч на кој Парти ќе може да му биде на располагање на селекторот.
Останува да се види дали оваа теорија на заговор ќе се реализира…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
