Лионел Меси го зацементира својот статус како најдобар фудбалер на сите времиња откако аргентинскиот генијалец со гол и асистенција ги предводеше „гаучосите“ до тешкиот триумф над Зеленортските острови, обезбеден дури по продолженија од два пати по 15 минути.
Меси го отвори резултатот на овој меч со својот 20. погодок на светские првенства, апсолутен мундијалски рекорд, а Лео пред крајот стана рекордер во уште една категорија.
Имено, асистенцијата при победничкиот погодок на Ромеро беше вкупно осма за Меси на светските првенства, со што тој сега е рекордер и во оваа категорија. Меси со синоќешниот настап го мина легендарниот Диего Армандо Марадона кој имаше седум асистенции на светските првенства.
🚨 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋: 𝐋𝐈𝐎𝐍𝐄𝐋 𝐌𝐄𝐒𝐒𝐈 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐒 𝐓𝐇𝐄 𝐀𝐋𝐋-𝐓𝐈𝐌𝐄 𝐖𝐎𝐑𝐋𝐃 𝐂𝐔𝐏 𝐀𝐒𝐒𝐈𝐒𝐓 𝐑𝐄𝐂𝐎𝐑𝐃 🤯🇦🇷
𝗔𝗡𝗢𝗧𝗛𝗘𝗥 𝗚𝗔𝗠𝗘, 𝗔𝗡𝗢𝗧𝗛𝗘𝗥 𝗥𝗘𝗖𝗢𝗥𝗗 𝗕𝗥𝗢𝗞𝗘𝗡. 💥
He surpasses his Diego Maradona, who also registered 8 assists at the World… pic.twitter.com/1Izhw0THcz
— 433 (@433) July 4, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
