Затоа е „крал“ – Леброн со „банана“ и „тројка“ за три секунди му донесе победа на Кливленд

Леброн Џејмс уште еднаш покажа зошто важи за најголем кошаркар на денешницата, блеснувајќи во клучните моменти од дуелот со Индијана.

Гостите беа на чекор до ново изненадување во Кливленд, откако при израмнети 95-95 го имаа последниот напад. Оладипо се прецени и тргна на положување крај „кралот Џејмс“ и за казна доби „банана“. Домаќините ја фатија топката и веднаш побараа тајмаут, па на спротивната страна Леброн за три секунди успеа да се дигне за тројка и да погоди, за тотална еуфорија меѓу фановите на кавалирси.

Тој го заврши мечот со 44 поени, 10 скока и осум асистенции, во една од своите најдобри партии во плејофот во кариерата.

Се вчитува...