Аргентинскиот капитен Лионел Меси уште еднаш ја покажа својата хумана страна, донирајќи пет милиони долари за помош на жртвите од разорните земјотреси што ја погодија Венецуела.
Покрај финансиските средства, по иницијатива на Меси се испратени и три авиони со неопходна медицинска помош за настраданите региони.
Овој хуманитарен гест доаѓа во време кога 39-годишниот капитен на Аргентина блеска на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Меси во моментов е прв стрелец на Мундијалот со шест постигнати голови, предводејќи ги „Гаучосите“ во одбрана на светската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
