Затворени врати за Донарума во Милан: Не ме пуштаат да влезам… (ВИДЕО)

Многу клубови од Серија А деновиве започнаа со тестирањата на коронавирус кај фудбалерите а веднаш потоа и со индивидиалните тренинзи.

Меѓу првите кој пристигна во тренинг-кампот на Милан беше Џанлуиџи Донарума, но најскапиот играч на „росонерите“ наиде на непријатно изненадување. Одговорните долго време не ја отворија капијата од тренинг-кампот за Донарума, чекајќи соодветна дозвола.

„Не може да влезам… Тоа е“ – им се пожали Донарума, секако на шега, на присутните новинари со порака дека се чувствува одлично и подготвен да ги започне индивидуалните тренинзи.

По краткиот разговор со медиумите, секако капијата за Донарума беше отворена, за првиот негов тренинг по цели два месеци.

 

Се вчитува...