Завршен најскапиот меч во Англија: Саутемптон се врати во Премиерлигата (ВИДЕО)

Саутемптон се врати во Премиерлигата откако во финалето од Чемпионшип плејофот кое се одигра на легендарниот „Вембли“ славеше со 1-0 против Лидс.

Натпреварот кој многумина го нарекуваат најскапиот меч на светот затоа што носи 120 милиони евра од ТВ права, им припадна на „светците“ кои до победата дојдоа со голот на Адам Армстронг уште во 24. минута од средбата.

 

Двата тима имаа силна поддршка од трибините, но на крајот се радуваше Саутемптон затоа што поумешно знаеше да дојде до победата.

Се вчитува...