Заврши авантурата на Манџукиќ во Катар, се враќа во Европа

Авантурата на Марио Манџукиќ во Катар се ближи кон крајот, по само шест месеци откако потпиша со Ал Духаил. Манџукиќ сака да се врати во европскиот фудбал, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува турскиот Галатасарај.

Турските медиуми пренесуваат дека реализацијата на трансферот е при крај, а тренерот на клубот Фатих Терим веќе имал состанок со Хрватот и останува само да се дефинираат деталите како би можел трансферот да биде реализиран.

Како главна причина за напуштањето на Манџукиќ на Катар се наведува тоа дека тој не сака да игра фудбал пред празни трибини, бидејќи навивачите се тие што го водат низ кариерата.

Се вчитува...