Гласањето за „Златната топка“, наградата која му се доделува на најдобриот фудбалер на светот, официјално заврши денеска, што значи дека името на освојувачот уште сега им е познато на организаторите.
Свечената церемонија ја доделување на наградите ќе биде одржана на 26 октомври во Лондон. Ова е првпат во историјата церемонијата на доделувањето на „Златната топка“ да не се одржи во Париз.
За добитниците на признанијата одлучува меѓународно жири составено од спортски новинари. Во машка конкуренција гласаат 100 новинари, по еден новинар од секоја од 100-те најдобро рангирани репрезентации на ФИФА ранг-листата, додека во женска конкуренција гласаат 50 новинари од 50-те најдобропласирани земји.
Според позната обложувалница „Полимаркет“, најголеми шанси за „Златната топка“ имаат Ламин Јамал и Хари Кејн. Кој моментно има 50 отсто шанси да ја добие наградата, додека Јамал има 36 отсто.
Кејн со Баерн Минхен минатата сезона освои три трофеи и постигна 76 гола, што претставува втора најдобра сезона на еден фудбалер во историјата, веднаш зад Лионел Меси кој во 2011/12 година даде 82 гола.
Ламин Јамал со Барселона триумфира во Ла Лига, додека со репрезентацијата на Шпанија стана светски шампион.
Останатите кандидати вклучувајќи го и Килијан Мбапе, имаат највеќе пет отсто шанси да ја освојат „Златната топка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
