Заврши сезоната за Хадсон-Одои

Младата sвезда на Челси, Калум Хадсон-Одои ја заврши сезоната, поради повредата на Aхиловата тетива која ја заработи на вчерашниот меч против Барнли. Натпреварот на „Стемфорд бриџ“ заврши без победник, а 18 – годишниот фудбалер го напушти теренот во 41. минута.

Одои е разочаран поради начинот на кој ја заврши сезоната, но вети дека напорно ќе работи за што побрзо враќање на терените. Тој ќе ги пропушти последните три натпревари во Премиер-лигата во кои избраниците на Маурицио Сари ќе се обидат да обезбедат настап во Лигата на шампионите, а нема да биде на располагање и за полуфиналниот двомеч во Лигата на Европа против Ајнтрахт Франкфурт.

Младиот играч на тимот од Лондон, сезонава одигра 24 натпревари за Челси, а дебитираше и за репрезентацијата на Англија во мартовските квалификациски мечеви за Европското првенство во 2020 година.

Се вчитува...